УНИЦЕФ: Околу 60 бебиња се раѓаат секој ден во бегалските кампови во Бангладеш

Околу 60 бебиња се раѓаат секој ден во бегалските кампови во југоисточен Бангладеш, во кои се сместени повеќе од десетици илјади муслимани Рохинџи, избегани пред насилство од соседниот Мјанмар, соопшти денеска УНИЦЕФ.
- Околу 60 бебиња се раѓаат секој ден во катастрофални услови, далеку од дома, а нивните мајки до сега веќе претрпеа преселувања, насилство и други трауми, вклучувајќи и силувања, изјави Едуард Беигбедер, претставик на ОН во Бангладеш.
Во изминатите девет месеци, кога Рохинџите почнаа да пристигнуваат во Бангладеш, поради насилство во покраина Ракајн во Мјанмар, претежно населена со будисти, во бегалскиот камп во Кокс Базар родени се повеќе од 16 илјади деца.
Откако војската во Мјанмар покрена операција против муслиманската етничка заедница, која ОН ја нарече „етничко чистење“, во Бангладеш пристигнаа околу 700 илјади Рохинџи.
Беигбедер предупредува за зачестените силувања, чии жртви повеќето се жени и девојчиња, додавајќи дека е невозможно да се знае точниот број на бебиња родени како резултат на силување.
- Но, клучно е секоја нова мајка бремена жена и новороденче да добијат помош и потпора, вели Беигбедер. УНИЦЕФ проценува дека секое петто дете на Рохиџите, е родено во здравствена установа.
Ново на Сител
-

Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“ на 6 ноември ќе се одржи по 26-ти пат во Битола
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
