УНХЦР: Од Сирија побегнаа повеќе од четири милиони луѓе

Бројот на Сиријците, кои поради граѓанска војна побегнале во соседните земји надмина четири милиони лица, соопшти денеска Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) во Женева.
Повеќе од 270 илјади Сиријци поднеле барање за азил во земјите на Европа, а Сиријците сочинуваат една третина од 137 илјади лица, кои се обиделе да преминат преку Средоземното Море во Европа во првата половина на годината.
Според податоците во извештајот во соседните држави моментално се наоѓаат 4.013.000 Сиријци.
Притоа во изминатите десет месеци нивниот број во земјите од регионот е зголемен на милион.
Според прогнозите на УНХЦР до крајот на годината ќе има 4,27 милиони бегалци.
- Тоа е најголема криза, која е предизвикана од бран бегалци од една земја во изминатите речиси 25 години, наведува УНХЦР.
Уште 7,6 милиони Сиријци принудно ги напуштиле своите домови и тие се на територијата на Сирија како внатрешно раселени лица.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
