УНХЦР: Неправилната распределба на бегалците ја зголемува глобалната криза

Товарот од глобалната бегалска криза е неправедно распределен, бидејќи мнозинство бегалци се наоѓаат во едвај 10 земји, предупредуваат хуманитарни организации.
Тие ги повикаа богатите земји во најскоро време да најдат решение за кризата.
Војните во Сирија, Авганистан, Бурунди и Јужен Судан се причина за бројот на бегалци оваа година да достигне до рекордни 21,3 милиони, соопшти Врховниот комесаријат на ОН за бегалци.
Како што наведува УНХЦР, 60 отсто од бегалците нашле засолниште во Јордан, Либан, Турција, Пакистан, Иран, Чад, Етиопија, Кенија, Уганда и Конго.
- Одговорноста за заштитата на бегалците е во неправедната распределба, истакна претставникот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер.
Организацијата ги повика развиените земји да примат повеќе бегалци според нивните можности.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
