УНХЦР бара од државите да прифатат уште 400.000 Сиријци

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Филипо Гранди, вчера изјави дека побара од земјите во светот да се согласат да примат уште 400.000 бегалци од Сирија, јави Танјуг.
Во текот на својата прва посета на Вашингтон откако дојде на чело на УНХЦР, Гранди истакна дека светот мора да направи многу повеќе за да се заврши сириската криза, пренесуваат француските медиуми.
-Ќе претседавам со состанокот во Женева на 30 март, на кој ќе побарам од меѓународната заедница да прифати десет отсто од вкупниот број сириски бегалци, рече шефот на УНХЦР.
„Десет отсто се многу луѓе. Тоа се повеќе од 400.000 лица“, рече Гранди вчера, на петата годишнина од војната во Сирија.
Од почетокот на конфликтот повеќе од четири милиони Сиријци ја напуштиле оваа разорена земја, додека шест милиони се раселени внатре, во границите на земјата.
Ново на Сител
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
