Унгарските власти ја контролираат ситуацијата со бегалците

Унгарските власти ја контролираат ситуацијата и сите во земјата се безбедни, изјави синоќа државниот секретар во министерството за внатрешни работи Карољ Контрат по состанокот со владиниот оперативен штаб, пренесува Танјуг.
Контрат нагласи дека оперативниот штаб заклучил дека надлежните органи во целост ги спроведуваат одлуките донесени доцна синоќа, а сообраќајот се одвива непречно на сите автопати и железнички линии во земјата.
Ситуацијата на железничката станица Келети, исто така, е подобрена по одлуката на унгарската железница да продолжи сообраќајот на меѓународните линии.
Контрат нагласи дека вчера попладне е приведена група од 728 илегални мигранти, кои ја преминале јужната граница.
Директорот за бегалски прашања на Канцеларијата за миграција и државјанство, Арпад Шеп, изјави дека во прифатните центри моментално има 2.891 мигрант и дека се е мирно.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
