Унгарскиот претседател го потпиша спорниот закон за бегалците
Унгарскиот претседател Јанош Адер го потпиша спорниот закон, со кој се овозможува сите баратели на азил, вклучувајќи ги и малолетниците постари од 14 години, да се задржуваат во притвор во граничните контејнерски кампови.
Адер законот го потпиша во средата, на денот кога во таа земја се одбележува државен празник во знак на сеќавање на унгарската револуција 1848 година против Хабсбуршката монархија, се наведува на сајтот на унгарскиот Парламент.
Унгарскиот претседател го одобри законот и покрај противењето на бројни групи за заштита на човековите права.
УНИЦЕФ оцени дека таа одлука е големо разочарување за сите деца, на кои ќе влијае новиот закон.
- Притворот никогаш не е во најдобар интерес за детето, соопшти Агенцијата.
Новиот закон е дело на „легалното затворање на границите“ на унгарската Влада, односно серија правила, кои заедно со оградите израдени во 2015 година на границата со Србија и Храватска, треба да ги држат мигрантите надвор од земјата.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврди дека новиот закон за бегалците е во согласност со законските стандарди на Европската унија.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден