Македонија
2. December 2016 - 8:14

Унгарскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Сијарто ќе оствари средба со неговиот колега, вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, а ќе се сретне и со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев и со министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески. 

Унгарскиот шеф на дипломатијата заедно со министерот Попоски и со претставници на дипломатскиот кор ќе се вклучи во акцијата „Ден на дрвото“ во паркот „Македонија“ кај булеварот „Теодосиј Гологанов“.