Унгарската полиција објави конкурс за прием на 3.000 ловци на мигранти кон Србија
Унгарската полиција објави конкурс за прием на 3.000 “ловци на мигранти“ за да им помогнат на десетте илјади војници и полицајци кои патролираат по должината на границата со Република Србија. Овие мерки се преземаат со цел да се спречи влезот на мигранти, објави сајтот вработување.мк
Новите регрути ќе имаат пиштоли со вистинска муниција, спреј за очи, пендреци, лисици и заштитна опрема.
Почетокот на нивната работа е предвиден за во мај 2017-та година, а пред тоа тие ќе поминат полициска обука.
Условите кои треба да ги исполнат кандидатите се:
- Мораат да бидат полнолетни;
- Да бидат во добра физичка кондиција;
- Положен психолошки тест.
Нивната плата, во првите два месеци ќе изнесува 150.000 форинти (480 евра), а потоа ќе се зголеми на 220.300 форинти (710 евра)
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено