Унгарска донација за ангажирање пет Роми во општина Кочани

Општина Кочани денеска го потпиша договорот со Република Унгарија за за вклучување на млади Роми од Кочани во македонската програма за стипендирање на млади од ромската националност. На потпишувањето на договорот прсуствуваа Министерот без ресор неждет Мустафа, Золтан Ковач, заменик државен секретар во Министерството за надворешни работи на Унгарија и претставници од општина Кочани.
- Вклученоста на ромската популација во овој прокет на нашата братска држава Унгарија за нас Ромите значи многу, бидејки инклузијата на Ромите во општествеото е значаен сегмент од нашето работење, истакна Мустафа.
Ковач посочи дека Унгарија е доста посветена на проблемот со инклузијата на Ромите во општествеото.
- Со оваа донација ќе придонесеме пет млади луге од ромската националност од Кочани да бидат вклучени во работи кои ќе ги определи општината, истакна Ковач.
Секеретарот на општина Кочани Петар Апостолов информираше дека проектот е добредојден за општина Кочани, а донацијата од 3.000 евра ќе биде искористена за работно ангажирање во општината на петмина млади од ромската националност од кои еден со високо и четворица со средно образование. Прокетот ќе трае шест месеци.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
-

ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда
-

Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории во возачки дозволи
-

Тешка сообраќајна несреќа кај Миладиновци, наредби за обдукција на две починати лица
-

Удрил полицаец па во полициското возило при обидот да избега - МВР со детали за директорот од „Царина“ фатен со 17.500 евра мито
-

21 годишен фудбалер на Тетекс загина во тешка сообраќајна несреќа
-

ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
