Балкан
18. February 2016 - 18:02

Унгарија подготвена да гради ограда и кон Романија

Унгарија е подготвена да подигне ограда на границата со Романија за да го спречи влезот на имигранти и, како што стојат работите, таковиот чекор е неизбежен, изјави денеска Јанош Лазар, шефот на администрацијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. 

Тој додаде дека Унгарија и земјите од Вишеградската четворка го застапуваат ставот дека со приливот на бегалци пред се треба да се решава на границата на Грција, пренесува Танјуг. 

- Вистинското прашање е дали ќе им помогнеме на балканските земји или не, нагласи Лазар. 

Унгарија претходно крена ограда кон Србија и Хрватска.