-->
-->
Унгарија на стартот од Европското првенство
-->

Машката кадетска кошаркарска селекција на Македонија (играчи до 16 години) од денеска ги почнуваат натпреварите на Европското првенство Б дивизија што ќе се игра во Софија, Бугарија. Прв противник попладнево ќе биде селекцијата на Унгарија, а почетокот на дуелот е во 17:15 часот.
Во второто коло од групата Македонија утре ќе игра против Израел, а во сабота противник ни е Шкотска. По слободниот ден во последните две кола ривали ни се Република Ирска и Англија.
Шампионатот се игра од 11 до 20.август, а трите првопласирани селекции ќе играат следната година во А дивизијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
