Унгарија испраќа 31 полицаец на границата меѓу Србија и Северна Македонија
Унгарија испраќа 31 полицаец на границата меѓу Србија и Северна Македонија за да помогне во борбата против илегалната миграција, соопшти денеска државниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Унгарија, Бенце Ретвари, цитиран од „Данас“.
– Унгарската полиција не ја штити само границата на една земја, туку и на цела Европа. Полицајците презедоа тешка задача, бидејќи во наредниот период ќе ја чуваат 113-километарската граница меѓу Србија и Северна Македонија, која е дел од главниот пат на илегалната миграција, се вели на веб-страницата на унгарската полиција.
Соработката е долгогодишна, истакнува Ретвари и „ова е втор контингент унгарски полицајци кои ќе служат во Србија“.
Според него, унгарската полиција е посветена на спречување илегални преминувања на мигранти на територијата на Европската унија и за таа цел им понудила поддршка на земјите од Западен Балкан.
– Главната задача на унгарската полиција е спречување и откривање на илегални гранични премини, патролирање на патиштата во непосредна близина на границата, како и соработка во откривање на трговци со луѓе и илегални мигранти, истакна Ретвари.
Унгарските полицајци кои ќе служат во Србија ги извршуваат своите должности под контрола и надзор на органите за спроведување на законот во земјата домаќин, додаде Ретвари.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
