Унгарија е христијанска држава, изјави Орбан во интервју за австриски „Пресе“
Под наслов „Унгарија е христијанска држава“ австрискиот весник „Пресе“ објави големо интервју со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Интервјуто е дадено истовремено пред новинари од „Пресе“, англиски „Тајмс“, француски „Фигаро“ и германски „Велт“.
Орбан во интервјуто наведува дека не ги зема за сериозно критиките на австрискиот канцелар Вернер Фајман. - Не го сфаќам тоа како лична навреда, тоа е политичка игра, изјави тој.
Нашите односи се добри, се уште разговараме редовно по телефон. Треба да соработуваме. Што друго ни останува? Кога разговараме никој не употребува такви негативни изрази, како што се изнесените во јавноста, нагласи унгарскиот премиер.
Орбан додаде дека не очекува извинување од Фајман. - Тоа никогаш не било силна страна на Австријците. Едно е да се реагира на Австриец, друго на Французин. Често aвстриските и романските критики се повеќе деструктивни, оцени тој.
- Унгарија ќе изгради ограда на границите со Хрватска и Романија, со цел да запре илегално влегување во земјата. Од една страна не станува збор за бегалци, а од друга страна мултикултурата е мртва, изјави Орбан, додавајќи дека активно го следи развојот на нештата во западноевропските држави во изминатите години, каде наспроти големите напори на западните влади муслиманските заедници не се интегрираат.
Тоа е едноставно прашање на демографија, на математика и на бескрајни ресурси на муслимани во исламскиот свет, истакна унгарскиот премиер.
Орбан нагласи дека ќе гласа против задолжителни квоти на ЕУ за прием на бегалци, но доколку е закон нема да може да направи ништо, поради институционална грешка.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница