Унгарија бара забрзување на разговорите за прием на Турција во ЕУ

Унгарија поддржува забрзување на разговорите за прием на Турција во Европската унија и укинување на визите за таа држава, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Во телефонскиот разговор за агенцијата МТИ од Анкара, како што пренесува Танјуг, Сијарто изјави дека Турција го презела најголемиот број бегалци во светот и оти е е „клучна држава во решавањето на миграциската криза во Европа“.
- Европа не би била во состојба да излезе на крај со притисокот од бегалците без подготвеноста на Турција да прими милиони луѓе, рече тој.
Унгарија ги повикува ЕУ и Турција да се договорат околу акцискиот план, со кој би се истакнала поддршка и соработка на Европа во замена за напорите на Турција, кога станува збор за бегалците, рече Сијарто.
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
