Фудбал
8. јуни 2016 - 14:25

Унгарецот Кашаи го отвора ЕП во Франција

Унгарецот Виктор Кашаи ќе ја дели правдата на првиот натпревар на ЕУРО 2016 кој ќе го одиграат домаќинот Франција и Романија, покрај овие две селекции во А групата уште се наоѓаат Швајцарија и Албанија. Натпреварот на кој главен судија ќе биде Кашаи ќе се одигра на „Сен Дени“, а ќе започне во 21 часот.
 
Инаку, Кашаи, пред четири години на првенството во Полска и Украина, судеше само на еден натпревар (Украина-Англија), а потоа УЕФА, поради грешката на неговиот помошник го повлече од шампионатот.
 
Имено, Кашаи и неговиот помошник, не видоа дека топката по ударот на натурализираниот Украинец, Марко Девиќ, ја мина гол линијата, Украина загуби од Англија 0-1. Таа победа на Англија и обезбеди пласман во вториот круг.
 
На ова првенство судиите нема да имаат проблеми со проценките бидејќи УЕФА дозволи да се користи гол технологијата.