Балкан
12. July 2016 - 11:34

Унеско со предупредување до Хрватска поради НП „Плитвице“

Унеско официјално ја предупреди Хрватска дека Плитвички Езера може да биде симната од пописот на заштитено светско природно наследство поради прекумерен број туристи кои секоја година ги посетуваат и прекумерно градење апартмани.

Низ Националниот парк Плитвице дневно минуваат преку осум илјади туристи, и двојно повеќе во т.н. пик во сезоната.

Поради подобро селфи и голем метеж, изминатите години пет туристи паднаа во провалија, а лани една жена од Словачка и загина.

Подрачјето на НП Плитвице се протега на 300 квадратни километри и целиот простор е под заштита на Унеско како светско природно и културно наследство.