Македонија
21. July 2021 - 12:27

Унеско одлучува за охридскиот регион

Утре на 44 тата седница на Унеско која годинава се одржува во Кина која започна на 16 ти и ќе трае се до 31 јули ќе се одлучува дали охридскиот регион ќе се најде на листата светско наследство во опасност. Од невладината Охрид СОС посочуваат дека деградација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион е единственото нешто што „напредува“.

Многу од одлуките и препораките на Комитетот од последните шест години и претходните  мисии не се имплементирани,неколку се само делумно и недоволно спроведени  а извесен број не се воопшто адресирани .

- Сега, секое лобирање за Охридскиот Регион да не се стави на Листата светско наследство во опасност, во услови кога деградацијата на неговите исклучителни вредности е јасно утврдена, и како актуелна и како потенцијална, значи да се лобира за негово уништување.)посочуваат од Охрид СОС.

Претседателката на Дом Морачанин смета дека охридскиот регион ќе биде ставен на листата во опасност бидејќи не се исполнети голем дел од препораките на Унеско уште од 2017 година .

Во нацрт одлуката за регионот кој се очекува да биде усвоен или пак можеби отфрлен стои дека

„Комитетот за Светско наследство одлучи да го впише Природното и културното наследство на Охридскиот Регион на списокот на светско наследство во опасност“ и додава дека „Комитетот е длабоко загрижен за заклучоците на мисијата од 2020 година, според кои високите објекти близу езерото, слабиот архитектонски квалитет на изградената средина и несоодветната и претерана употреба на крајбрежната зона за туристичка инфраструктура, имаат големо негативно влијание врз универзалната вредност на регионот“.