Македонија
16. September 2022 - 8:27

Умерен интензитет на сообраќај на патиштата надвор од градските средини

Поради градежни работи на 15 и 16.09.2022 на патниот правец Р1106 Нова брезница – Коломонт поради сигурност на сообраќајот и ефективно завршување на градежните работи потребно е да се стават во прекин термините за движење низ НП Јасен и тоа: Од Скопје – М.Брод   од    12.00  до 12.45; Од М.Брод – Скопје од 10.30  до 11.00 и 13.00  до 13.45, информираат од АМСМ.

Од АМСМ информираат и дека од 18.08.2022 до 19.09.2022 на патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.