Уличните кучиња напаѓаат граѓани: Искасани четворица скопјани
Во денешниот полициски билтен се објавени неколку пријави од граѓани кои биле искасани од улични кучиња.
На 03.02.2018 година во 12:15 часот во полициската станица Центар С.П.(63) пријавил дека истиот ден околу 11:45 часот додека се возел со велосипед по ул.“Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнат-каснат од група кучиња во пределот на десната подколеница.
На 03.02.2018 година во 15:00 часот во ПС Центар Ѓ.И.(38) пријавил дека на 01.02.2018 година околу 11:00 часот на плоштад Македонија бил нападнат-каснат од куче скитник на задната страна од десната нога.
На 03.02.2018 година во 14,40 часот во ПС Ѓорче Петров С.М.(59) пријавила дека на 01.02.2018 година околу 09:30 часот на ул.“Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на десната подколеница.
Покрај ова истиот ден во ПС Ѓорче Петров е пријавено од страна на В.Р. (60) дека околу 10:30 часот на посочената улица “Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на левата подколеница.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци