УКРО: Сите пациенти добиваат терапија, достапни се лековите за третман на онколошки заболувања
Сите пациенти ја добиваат потребната терапија и достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, соопшти попладнево Министерството за здравство пренесувајќи ја информацијата од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО).
-Лекот „Paclitaxel“ е навреме нарачан од Клиниката, но, заради застој во дистрибуцијата, најавено ни е дека овие денови ќе биде дистрибуиран на Клиниката. За „Paclitaxel“ има замена од истата група на лекови со идентична ефикасност и тоа е „Docatexel-от“. Исто така, лекот „Erlotinib“, се заменува кај пациентите со „Gefitinib“, кој има идентична ефикасност. Тендерите се навреме спроведени, очекуваме овие лекови да пристигнат во првата недела од јули. Во меѓувреме, уверувам дека за сите терапии има квалитетна замена и континуитетот во лекувањето е целосно обезбеден, се наведува во пишаната изјава на проф. д-р Игор Стојковски, директор на Клиниката за онкологија.
Од Министерството за здравство нагласуваат дека годинава е двојно зголемен условниот буџет на Клиниката за радиотерапија и онкологија за иновативни лекови.
Ново на Сител
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали
-
Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“
-
Германија финансира дронови за Украина
-
Зеленски одликува 226 украински војници
-
ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ
-
Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи
-
Муртезани: Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина
-
Повредени две лица во сообраќајка во Куманово