Свет
25. February 2025 - 14:14

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла можноста за одржување избори до крајот на војната.

Ова се случува по изјавите на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, кои сугерираа дека владеењето на Зеленски е нелегитимно бидејќи не се одржани избори во Украина.

Украинската Рада ја усвои резолуцијата на втор обид откога вчера немаше доволно гласови за поддршка за нејзино усвојување, јавува „Еј-би-си њуз“.

Зеленски во неделата рече дека ќе се повлече ако тоа донесе мир во Украина додавајќи дека тоа ќе го стори дури и ако тоа значи дека неговата земја ќе добие членство во НАТО.