Украинската противвоздушна одбрана ноќеска урнала 16 од 30 лансирани руски дронови
Украинските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле 16 од околу 30 беспилотни летала “Шахед-131/136”, што Русија ги лансираше на украинска територија, соопшти утринава украинското воздухопловство, пренесе украинската агенција Униан.
На апликацијата за пораки Телеграм украинското воздухопловство соопшти дека беспилотните летала биле лансирани од југ, југоисток и север, а со нив жестоко бил нападнат централниот украински регион Черкаси.
„Во текот на ноќта непријателот со борбените дронови масовно го нападна нашиот регион Черкаси.
За жал, тие ја погодија индустриската инфраструктура во градот Уман, изјави гувернерот на Черкаси, Ихор Табуретс на Телеграм. „Поради тоа избувнаа пожари во магацини.
Посебно во оние во кои се складира житото“, прецизираше гувернерот и додаде дека во нападите едно лице е повредено.
Британските медиуми не можеа да дадат независна потврда на наводите на украинските власти.
Ново на Сител
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски