Украинците уништија клучен мост во офанзивата во Курск
Украинските сили уништија стратешки важен мост на реката Сеим, додека продолжуваат да напредуваат во рускиот регион Курск. Русија го користеше мостот кај градот Глушково за снабдување на своите трупи и неговото уништување би можело да го попречи тоа.
Володимир Зеленски кажа дека украинските трупи ги зајакнуваат своите позиции во Курск и ги опиша заземените територии како фонд за размена, навестувајќи дека тие во иднина би можеле да бидат разменети за украински области окупирани од Русија.
Шефот на војската Олександр Сирски изјави дека Украинците вчера напредувале од еден до три километри во некои делови на Курск и дека од почетокот на упадот на 6 август биле заземени 82 населени места на подрачје од 1.100 квадратни километри.
„Ги зајакнуваме нашите позиции во Курск и го збогатуваме нашиот фонд за размена“, напиша Зеленски на Икс.
Украински функционери кажаа дека досега се заробени најмалку 100 руски војници, надевајќи се дека тоа ќе ја забрза размената на воени заробеници. Зеленски кажа дека руските загуби во Курск се од голема помош за одбраната на Украина.
И додека украинските сили се во офанзива на руска територија, руските трупи се доближуваат до градот Покровск во регионот Доњецк. Аналитичарите сметаат дека една од целите на украинската операција во Курск е да се намали притисокот врз источниот фронт во Украина, но засега нема назнаки дека Русите попуштаат таму. Руските трупи сега се на десет километри од периферијата на Покровск и украинските власти вчера му наредија на населението да си замине.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели