Украинците тврдат дека за седум пати е зголемено нивото на зрачење кај Чернобил
Стандардното ниво на радијација во централата во Чернобил е надминато седум пати, соопшти Украинската државна агенција за управување со исклучените зони.
Според најновите податоци од нуклеарната централа во Чернобил седум пати е надмината брзината на апсорбираната доза на сензорите во близина на складиштето за радиоактивен отпад „Вектор“.
„Украина ја загуби контролата врз системот пред два дена. Најновите податоци покажуваат дека стапката на апсорбирана доза на сензорот во близина на складиштето за радиоактивен отпад „Вектор“ е надмината седум пати. Го свртуваме вниманието на меѓународните партнери и организации на напорите на руските војници да ги окупираат нуклеарните централи во Украина и нивните напори за демонстративно зголемување на нивното присуство и распоредување опрема во близина на стратешките локации“, соопшти агенцијата.
Според нив, „тоа укажува на погрешна употреба на безбедносните системи и немање потребна експертиза за заштита на нуклеарните капацитети“.
Агенцијата потсети и дека Украина ја информирала Меѓународната агенција за атомска енергија за губење на контролата врз нуклеарните и радијационите капацитети во зоната на исклучување.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
-
Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот