Украинците со дронови уништиле противоздушен систем С-400 на руско тло

Украина денеска ја презеде одговорноста за уништувањето на модерен противвоздушен систем С-400 на руска територија, по ноќта во која Русија објави дека соборила 31 беспилотно летало и го одбила обидот за десант на анектираниот Крим.
Извор од украинските безбедносни служби (СБУ) за француските медиуми изјави дека Киев го нападнал системот С-400 со беспилотни летала во рускиот пограничен регион Белгород, регион што е редовна цел на нивните напади.
-Причината за ноќните експлозии во регионот на Белгород е позната: СБУ го нападна противвоздушниот систем С-400, изјави изворот, кој сакаше да остане анонимен.
СБУ во септември ја презеде одговорноста и за нападот врз првиот систем С-400 на Крим.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборило 31 украински беспилотно летало над регионите Белгород, Брјанск и Курск, кои се граничат со Украина. Во него не се споменуваат жртви или штети.
Според гувернерот на провинцијата Брјанск, Александар Богомаз, украинските сили истрелале касетна муниција врз неколку села во јужниот руски регион Брјанск.
Украина доби касетна муниција од САД и вети дека ќе ја користи само за елиминирање на концентрациите на непријателски војници.
Касетната муниција е забранета во повеќе од 100 земји. Вообичаено таа фрла поголем број помали бомби што можат да убијат на голема површина, а неексплодираните може да бидат опасни со децении.
Нападите со беспилотни летала и бомбардирањето на руската територија се интензивираа и станаа речиси секојдневни откако украинската војска во јуни ја почна својата долго најавува контраофанзива.
Руското Министерство за одбрана, исто така, во средата објави дека го отфрлило обидот за истоварување на украински војници на Крим
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
