Loading Video...
Свет
5. July 2023 - 12:31

Украинците бегаат по најавите за напади врз нуклеарката Запорожје

Локалното население од регионот околу нуклеарната централа Запорожје почна масовно да бега по меѓусебните обвинувања на Русите и Украинците дека една од страните ќе изврши минирање на нуклеарната централа. Паниката почна по руските тврдеа дека Украинците планирале да ја нападнат централата, а се зголеми откако украинскиот претседател Володомир Зеленски утрово предупреди дека руските сили поставиле предмети што личат на експлозив на покривите на нуклеарната централа.

Повикувајќи се на украинските разузнавачки служби Зеленски тврди дека сомнителни предмети биле поставени на неколку енергетски единици на електраната што моментално ја контролира Русија. Зеленски изјави дека за новонастанатата ситуација го информирал и својот француски колега Емануел Макрон. 

Русите ја зазедоа најголемата нуклеарна постројка во Европа во февруари минатата година. Оттогаш и двете страни редовно ја обвинуваа другата за гранатирање на централата и ризик од голема нуклеарна несреќа.