Украина тврди дека уништила складиште за муниција во Херсон под руска окупација
Украинските сили уништија „значајно“ складиште за муниција во близина на окупираниот пристаништен град Хеническ во јужниот регион Херсон, изјави денеска Серхи Братчук, портпарол на воената администрација на Одеса.
- Нашите вооружени сили утрово зададоа добар удар – и тоа многу силен – во селото Рикове, во областа Хеническ, на привремено окупираната територија на регионот Херсон … Таму имаше многу значајно складиште за муниција, рече Братчук во утринската видео порака.
Светските агенции напоменуваат дека информацијата не може независно да се потврди. Од Русија засега нема коментар за наводниот напад.
Украинските медиуми објавија видео снимки на кои се гледа како огромен облак од чад се издигнува далеку на хоризонтот со звуци на експлозии.
Селото Рикове е на околу 20 километри од Хеническ, пристаништен град на Азовското Море во јужна Украина, кој е окупиран уште од првите денови на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември