Свет
12. September 2023 - 10:44

Украина тврди дека ја повратила контролата врз четири нафтени платформи во Црно Море

Украинците тврдат дека успешно ја повратиле контролата врз четири платформи за дупчење гас и нафта во северниот дел на Црното Море, во близина на полуостровот Крим.

Снимката од операцијата, за која Украина тврди дека се случила минатиот месец, покажува како специјалните сили ја отстрануваат руската воена опрема.

Русија ја презеде контролата врз така наречените Бојко кули во 2015 година, набргу откако го анектираше Крим. Битката за контрола на овие стратешки води трае од минатата година.

На видеото објавени од воената разузнавачка служба на Украина, под наслов „Битка за морето“ се гледаат чамци на надувување кои превезуваат тимови на украински специјални сили и поминуваат во близина на Змиски Остров, што беше заземен од руските војници на првиот ден од војната минатата година.

Потоа се гледаат како војници се качуваат на една од платформите и ги отстрануваат руските резерви, како и радарска опрема.