Украина: Русија се подготвува за затворање на границите и нова мобилизација
– Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека руските власти можеби подготвуваат нова наредба за мобилизација и дека следната недела би можеле да ги затворат границите.
Резников преку видео порака им се обрати на руските граѓани. Зборувајќи руски, тој ги предупреди луѓето кои би можеле да бидат подобни за мобилизација.
– Сигурно знам дека ви останува уште една недела пред да имате избор. На почетокот на јануари руските власти ќе ги затворат границите за мажите, ќе прогласат вонредна состојба и ќе започнат нов бран на мобилизација. Границите ќе бидат затворени и во Белорусија, рече тој.
Резников предупреди дека Русите кои живеат во градовите ќе бидат особено загрозени. Кирило Буданов, шефот на украинската разузнавачка служба, за Би-Би-Си изјави дека новата руска наредба за мобилизација ќе почне на 5 јануари.
Ново на Сител
-

Димитров: Комисија за историски прашања е алиби за комплицираните односи меѓу Бугарија и Македонија
-

31 питомци и 28 слушатели на курсот за офицери дадоа свечена заклетва
-

Мајка го претепала 6-месечното бебе кое е хоспитализирано на Детска клиника
-

Мечка нападна човек во Долнени
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: Акцијата за чистење на Скопје е успешна, собрани 4.500 тони смет
-

31 питомец и 28 слушатели од курсот за офицери и штабни службеници дадоа свечена заклетва во Воената академија
-

Преглед на вестите од светот
