Во финалната вечер настапија претставници на 25 земји, без Русија. Поради настаните во Украина, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) уште во февруари објави дека ниту еден руски изведувач не може да настапи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, а истото важи и за блискиот сојузник на Русија, Белорусија.
Српската претставничка Констракта заврши на петтото место и доби награда за најдобар настап.
Македонските гледачи не ѝ дадоа ниту еден поен на Украина, а 12 – те поени ѝ беа доделени на Шпанија, 10 на Србија.
Според гласовите од националните жири комисии, најмногу поени доби Обединетото Кралство -283, потоа следуваа Шведска – 258 и Шпанија – 231 поен, сепак одлучувачки беа поените од страна на гледачите.
Македонија со песната ,,Кругови” на Андреа не успеа да се пласира во финалето, а од МРТ најавија дека размислуваат од наредната година земјата да не учествува на Евровизија.
Финалето на Евровизија се одржа синоќа во Торино.