Украина нареди делумна евакуација на жителите на Купјанск, во регионот на Харков
Украина вчера им нареди евакуација на ранливите категории жители на градот Купјанск, на североисточното воиште, каде има напредување на руските сили, соопшти воената администрација.
„Во општина Купјанск почна задолжителна евакуација на семејствата со деца и жителите со намалена подвижност поради континуираното бомбардирање на територијата од руските сили“, соопшти воената управа на регионот Харков.
Гувернерот на Харков, Олех Сињехубов, изјави дека руските сили со повеќе ракетни фрлачи нападнале неколку населени места, вклучувајќи го и Купјанск.
Купјанск, град на околу стотина километри од Харков, пред војната имал речиси 30.000 жители. Русите го зазедоа во првите денови од офанзивата пред една година. Украинците го ослободија градот во септември по молскавична контраофанзива.
Но, руските сили, засилени по мобилизацијата на стотици илјади резервисти во Русија, повторно тргнаа во напад во овој сектор, влевајќи страв кај многу жители.
Ново на Сител
-
Четири лица осомничени дека фрлиле бомба пред куќа во Битола
-
ЦУК: Локализиран пожарот во Батинци, не претставува закана за жителите и околните објекти
-
Вучиќ отфрла критики: 47.000 луѓе присуствуваа на воената парада во Белград
-
Македонските ракометарки го освоија „Трофеј Македонија“
-
НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала
-
Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес
-
МЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници
-
Ангелов: Целосна контрола на пожарот над Батинци, имаме индиции дека е намерно подметнат