Украина изврши напад на Русија со дронови, погодена рафинерија за нафта

Рафинеријата на нафта во рускиот град Саратов во текот на ноќта беше нападната од украински беспилотни летала, пренесоа локалните канали на Телеграм кои споделија снимки за кои се тврди дека покажуваат експлозии во објектот.
Гувернерот на регионот Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена.
Руските медиуми известуваат дека по инцидентот, привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.
Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени производи, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година, фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.
Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт.
Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Белгиски пратеник говори веќе 26 часа во обид да блокира усвојување на Предлог-закон
-

Средба на кинескиот премиер Ли Чијанг со Путин во Москва
-

Без струја делови од Шуто Оризари, Кисела Вода и Кондово
-

Облачно со локални врнежи од дожд
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
