Украина им предложи на Романија и Бугарија да создадат заедничка воена бригада
Украина им предложи на Романија и Бугарија да создадат заедничка воена бригада, по примерот на полско-литванско-украинската бригада, соопшти денеска на Твитер Свјатослав Цеголко, портпаролот на украинскиот претседател Петро Порошенко, јавува ТАСС.
Порошенко денеска престојува во посета на Букурешт.
На 19 септември во Варшава беше потпишан договор за создавање на мултинационална полско-литванско-украинската бригада. Таа ќе биде користена за учество во операции под покровителство на ОН, НАТО и ЕУ.
Меѓу главните задачи ќе и биде учеството во мултинационалните дејствија за обезбедување на мирот и продлабочување на регионалната соработка во воената сфера.
Штабот на бригадата се наоѓа во полскиот град Лублин, а целосната нејзината оперативна подготвеност се очекува да биде достигната по две години.
Ново на Сител
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот