-->
-->
Украина и Русија разменија 50 заробеници
-->
Руското Министерство за одбрана и шефот на кабинетот на украинскиот претседател соопштија дека двете земји денеска размениле 50 заробеници.
Претходно денеска, официјален претставник назначен од Русија во окупираната област Доњецк објави дека Москва и Киев ќе разменат заробеници.
Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на Володимир Зеленски, извести за ослободување на 50 „заштитници на Украина“ и рече „дека размената на затвореници ќе продолжи до ослободувањето на последниот Украинец“.
„Се вратија бранителите на Мариупол и Азовстал, како и приведените во борбите во правец на Доњецк, Луганск и Запорожје“, напиша Јермак на Телеграм.
Русија најави дека ослободените ќе ги одведе во Москва на медицински преглед и рехабилитација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива