Украина и Русија меѓусебно се обвинија за воздушни напади во текот на ноќта на граничните области
Украина и Русија денеска меѓусебно се обвинија за воздушни напади во текот на ноќта на граничните области.
Украинските официјални претставници изјавија дека две лица загинале, а четворица биле повредени во областа Суми, додека Русија соопшти дека тројца цивили се повредени во областа Белгород.
Две деца се меѓу повредените во градот Суми, објави локалната украинска воена администрација на „Телеграм“. Неколку станбени згради и автомобили се оштетени, се вели во соопштението.
Од другата страна на границата, во југозападната руска област Белгород, тројца цивили, вклучително две деца, биле повредени во украински воздушен напад, напиша гувернерот на областа Вјачеслав Гладков на „Телеграм“.
Гладков исто така изјави дека се уништени две станбени згради, а повеќе од 15 други објекти се оштетени.
Украинските воздушни сили соопштија дека противвоздушната одбрана на Украина уништила 15 од 23 дронови и една наведувана ракета, лансирани од Русија во текот на ноќта, се вели во објавата на „Телеграм“. Според нив, два дрона и три руски ракети не стигнале до своите цели. Дроновите најверојатно биле пресретнати од украинските електронски системи за противвоздушна одбрана, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите