Украина го ослободи рускиот новинар
Украински суд денеска го ослободи рускиот новинар Кирил Вишински од затвор, што е сигнал дека долгоочекуваната размена на затвореници со Русија е повторно на дневен ред, пренесува АП.
Судот одлучи да го ослободи Вишински на условна слобода по повеќе од една година поминати во затвор.
Вишински, шеф на редакцијата во Киев на руската агенција РИА Новости, беше уапсен во мај минатата година под обвинение за предавство.
Неговото ослободување се чини дека сигнализира почеток на размена на затвореници за која се дискутира откако поранешниот актер Володимир Зеленски победи на претседателските избори во Украина во април.
Украина бара Русија да ги ослободи 24 морнари кои беа уапсени во ноември лани на Крим, како и други заробеници. Зеленски ако негови главни приоритети ги постави враќањето на затворениците во Украина и ставање крај на конфликтот на истокот на земјата.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите