Украдени триесет тегли ајвар во Кавадарци
Кражба на триесет тегли ајвар од подрум во Кавадарци била пријавена во кавадаречката полициска станица од општа надлежност, потврди денеска за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
- Несекојдневната кражба на цела кутија со тегли ајвар е заведена на 17 октомври, рече Додевски.
Посочи дека 20 кражби на грозје се регистрирани сезонава во полициската станица од општа надлежност Кавадарци, две во полициската станица од општа надлежност во Неготино и една во велешката полициска станица. - Ова се податоци за територијата која ја покрива СВР Велес, информира Додевски.
Во неколку кражби станувало збор за украдено веќе набрано грозје од нивите кое стоело во вреќи по редовите, а во повеќето од случаите крадците сами си береле туѓо производство тешко од 150 до две илјади килограми.
Во ПС ОН Кавадарци исто така има пријавено три кражби на пиперки и два случаи на оштетен насад од пиперки од страна на домашни животни.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, на отворено палеле душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици и да ги продадат
-
23-годишен маж со тврд предмет нападнал двајца роднини на неговат сопруга со која е во бракоразводна постапка
-
Три лица се тепале на паркинг во Ѓорче Петров
-
Едно лице со употреба на сила го одзело накитот на 37-годишна жена на Бит Пазар
-
Јавниот превоз во Скопје за продлжениот празничен викенд по неделен возен ред
-
МОН и универзитетите работат на три нови закони за да се задржат студентите во земјава
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“
-
Поранешниот директор на Онкологија, Никола Васев, не се чувствува виновен за несовесно лекување на пациенти