Украдени триесет тегли ајвар во Кавадарци

Кражба на триесет тегли ајвар од подрум во Кавадарци била пријавена во кавадаречката полициска станица од општа надлежност, потврди денеска за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
- Несекојдневната кражба на цела кутија со тегли ајвар е заведена на 17 октомври, рече Додевски.
Посочи дека 20 кражби на грозје се регистрирани сезонава во полициската станица од општа надлежност Кавадарци, две во полициската станица од општа надлежност во Неготино и една во велешката полициска станица. - Ова се податоци за територијата која ја покрива СВР Велес, информира Додевски.
Во неколку кражби станувало збор за украдено веќе набрано грозје од нивите кое стоело во вреќи по редовите, а во повеќето од случаите крадците сами си береле туѓо производство тешко од 150 до две илјади килограми.
Во ПС ОН Кавадарци исто така има пријавено три кражби на пиперки и два случаи на оштетен насад од пиперки од страна на домашни животни.
Ново на Сител
-

Безбедносна проценка: Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови
-

И покрај забраната, австралиски тинејџери и понатаму се на социјалните мрежи
-

Приведен 63 струмичанец кој предизвикал пожар во дворот и на улицата на која живее
-

Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари
-

Двегодишно дете од Куманово затруено со разредувач за боја, пренесено на Клиниките во Скопје
-

Паразитска епидемија во САД: Илјадници нови случаи за само една недела
-

Саудиска Арабија формираше воен сојуз за заштита на Црвено Море
-

И животните на удар од топлотниот бран - да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода
