-->
-->
Украдени три икони од манастирот посветен на Св.Богородица Балаклија во Делчево
-->
Украдени се три икони од манастирот посветен на Св. Богородица Балаклија во Делчево. Лицата кои се грижат за манастирот за МИА информираат дека утрово тие забележале дека ги нема иконите на Света Богородица, на Свети Јован Златоуст и иконата на Исус Христос, а освен иконите, крадците однеле и околу 300 денари.
Од СВР Штип го потврдуваат настанот и информираат дека случајот е пријавен во Полициската станица во Делчево утрово околу 7,30 часот и оти истрагата е во тек.
Инаку, манастирот посветен на Балаклија е едно од најубавите излетнички места во Делчево. Манастирот го реконструираше во 200о-та година поранешниот премиер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници