Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Вечерва во 18:15 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, што беше воведена во 15 часот поради врнежи од снег, информира Автомотосојузот на Македонија.
Поради врнежи од снег попладне од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража беше воведена забрана за товарни моторни возила, соопшти претходно Автомотосојузот на Македонија.
Невремето проследено со силен ветер, дожд и повремено со снег, што го зафати попладнево подрачјето на Дебар, Река и Жупа предизвка помали одрони на патните правци во овој регион, поради што од дебарската секција на „Македонијапат“ препорача многу внимателно возење, посебно по клисурата на реката Радика.
Од „Македонијапат“информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а снег врне во Крива Паланка, Страцин, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
„Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Ново на Сител
-

65-годишна велешанка прегазена од товарно возило
-

Маж од Радовиш ги нападнал сопругата и малолетната ќерка
-

Ѓаволот ја платил казната од 8 илјади евра, Феxми Стафа барал условен отпуст, велат од Кривичен
-

Мицкоски за изнајмувањето на „Македониум“: Уште денеска ќе побарам разрешување на директорот и на Управниот одбор
-

12 илегални мигранти откриени во еден ден од страна на Царинарница Скопје
-

Две и пол години казна затвор за вработената во МВР што фалсификувала возачки дозволи - Година и три месеци за двајца од возачите
-

Во Скопје изречени казни од над 80.000 евра за несовесно одлагање отпад
-

Грејната сезона почнува на 15 октомври
