Укинат притворот на Мијалков за „Титаник 2“

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја укина мерката куќен притвор на Сашо Мијалков која ја доби по изрекувањето на пресудата за предметот „Титаник 2“ на СЈО, и му одреди мерки на претпазливост да се јавува во судот, а привремено му е оземена патната исправа и не смее да ја напушта државава ниту со лична карта.
Како што соопштија од Основниот суд Скопје, постапувајќи по службена должност во кривично – правен предмет против С.М. согласно член 173 ст.1 т.6 в.в. со ст. 3 в.в. со член 481 ст.4 в.в. со член 146 ст.1 т.2 и 3 в.в со ст.2 од ЗКП Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое се укинува мерката куќен притвор за обвинетиот определена со решение на Апелациониот суд – Скопје од 28 март 2019.
-Согласно член 481 ст.4 од ЗКП, кога судот ќе изрече во пресудата казна затвор може да определи обвинетиот да се стави во притвор , односно да остане во притвор, ако постојат причините од член 165 ст. 1 т. 1,2 и 3. Притворот во таков случај може да трае до правосилноста на пресудата, но најдолго до 60 дена, појаснуваат од судот. Со решение на Апелациониот суд – Скопје решението на првостепениот суд е преиначено со тоа што за обвинетиот е определна мерка куќен притвор кој трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена согласно член 481 ст.2 в.в. со член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, соопштуваат од судот.
Ново на Сител
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
