Укинат притворот на браќата Усеини
Советникот од ДУИ и бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат вчера доцна попладне излегле од притвор и ќе се бранат од слобода. Информацијата за „Фокус“ ја потврди претседателот на Основниот суд Охрид, Васил Баткоски.
Иако на браќата Усеини им беше продолжен притворот за 30 дена и беше покренат обвинителен предлог, тие понудиле гаранција во недвижности во вредност од 850 илјади евра, односно по 425 илјади евра. Овој предлог за гаранција бил доставен до Јавното обвинителство кое одговорило позитивно и се согласило со понудената гаранција. Вчера попладне заседавал Кривичниот совет при охридскиот суд кој на седница ја прифатил гаранцијата и браќата околу 17 часот попладне излегле на слобода.
Претходно тие нудеа гаранција од по 10 илјади евра, но не им беше прифатена. Сега двајцата ќе бидат на слобода и ќе ја чекаат правосилноста на пресуда како обвинети за нападот врз охриѓанецот, Спирко Топаловски. Судскиот процес ќе почне по 20 септември.
Ново на Сител
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа