УЈП: Закуподавачите да го пријават приходот остварен од издавање имот
Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток престој (не подолг од 31 ден во месецот), особено за време на претстојните празници, дека имаат обврска преку системот „е-Даночни услуги “, да го пријават приходот остварен од издавање на имотот. Ова се однесува и на издавање преку платформи како AirBnb, Booking.com, Facebook, Кајак и други.
Основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот што се остварува намален за износот на следниве нормирани трошоци: 10% од износот на доходот (за неопремен простор) и 15% од износот на доходот (за опремен простор).
Пријавувањето на доход од издавање на недвижен имот се врши задолжително до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање. Пријавата заедно со соодветни докази се поднесува електронски (е-ППД) преку системот „е-Даночни услуги“.
За повеќе информации граѓаните можат да се обратат во Контакт центарот на УЈП на е-пошта Info@ujp.gov.mk, на телефоните 0800 33 000 и 02 3253 200, како и во Регионалните дирекции/Даночните одделенија на Управата за јавни приходи.
Достапна е и брошура за оданочување на доход од закуп и подзакуп, а сите заинтересирани можат и да се регистрираат на системот „е – Даночни услуги“.
-Бидете одговорни даночни обврзници, навремено и точно пријавувајте и исполнете ги вашите даночни обврски. Не заборавајте дека пријавувањето на доходот е законска обврска и ќе ви помогне да избегнете стрес и санкции, апелираат од УЈП.
Ново на Сител
-
„Утеха ни на небо ни на земја, животот уште незапочнат најсвирепо згаснат“, емотивен статус на таткото на Фросина
-
Парното поскапува просечно за 100 денари
-
Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа од Косово
-
Маркетите и трговските центри низ Хрватска празни, во тек голем бојкот
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
-
Јаневска: Ова е нацрт-концепција и може да претрпи промени
-
Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите
-
16-годишна девојка со нож го прободела својот татко во Пробиштип