УЈП објави оглас: Распродажба на автомобили по багателни цени

Управата за јавни приходи објави оглас за продажба на движни и недвижни предмети. Се продаваат автомобили од марките Мерцедес, Фиат, Сеат, Форд и Фолксваген
На листата на работи за продажба се најдоа и ниви, деловни простории, подземни гаражи, телевизории и уметнички слики. Аукцијата е закажана за 27 август.
За работите кои се предмет на електронска јавна аукција, според информациите од УЈП, може да учествуваат само оние лица кои успешно се регистрирани и претходно уплатиле депозит во висина од 10% од утврдената вредност на движните и недвижните ствари, најдоцна до 17 август во трезорска сметка на Министерство за финансии.
Учесникот кој дал најповолна понуда за движна ствар е должен веднаш да ја уплати разликата од купопродажната цена, а најповолниот купувач на недвижната ствар, во рок од 8 (осум) дена од денот на заклучување на електронската јавна аукција.
Во спротивно, продажбата со решение се огласува за неважечка, а купувачот го губи правото на враќање на депонираниот депозит.
Работите се продаваат по системот видено-купено, дополнително рекламации не се примаат. На понудувачите чија понуда не е прифатена депозитот им се враќа по заклучувањето на јавната аукција.
За работите кои се предмет на електронска слободна комерцијална продажба), сите заинтересирани лица треба да достават понуди на порталот во делот кој се однесува на слободна комерцијална продажба објавен од надлежната ДГДО/Регионална дирекција/Центар за складирање и впаричување на движни ствари во период за времетраење на електронската јавна аукција/слободната комерцијална продажба.
Ново на Сител
-

Николоски: Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата стартува на крајот на годинава
-

Определен 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски
-

Косовски државјанин избегал од царинска контрола на Блаце, по потера уапсен во Скопје – пронајдени марихуана и нож
-

Почина македонски државјанин кој беше во притворскиот центар во Валона
-

Повеќе од 250 доброволни пожарникари подготвени за справување со летните пожари
-

АХВ: Нови случаи на болеста сипаници кај овци и кози - нема опасност за луѓето
-

САД ќе издадат монета од еден долар со ликот на Доналд Трамп
-

Приведени две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити и се стекнале со 10.820.000 денари
