УЈП: Граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за РДТ
Граѓаните и фирмите да ги платат заостанатите долгови за радиодифузна такса (РДТ) за да не се соочат со присилна наплата, апелира Управата за јавни приходи (УЈП).
- Апелираме граѓаните и фирмите кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи ќе почнеме постапки за присилна наплата со блокирање на трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци, соопшти денеска УЈП.
Состојбата на долговите за РДТ е наведена во Решението, кое УЈП го доставува до обврзникот секој месец, а дополнително проверка може да се врши и преку интернет, преку бесплатната електронска услуга е-Радиодифузна такса https://etax.ujp.gov.mk.
Исто така, граѓаните можат да ги користат новите услуги на УЈП за електронско плаќање со безготовинска картичка Visa, Maestro и MasterCard (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.
Постапката за регистрација за електронско плаќање и проверка на состојбите за РДТ преку https://etax.ujp.gov.mk е бесплатна за граѓаните и не е потребен дигитален сертификат.
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина