УХМР: Утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.
Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, во делови од котлината во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 37 степени.
Од недела следува стабилно и посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.
Ново на Сител
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
