Македонија
22. January 2017 - 13:06

УХМР со вонредна временска: Од утре повторно снег

До крајот на денот утре времето ќе биде стабилно кон исток со сончеви периоди, а облачноста ќе се зголемува. Претпладне понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла.  Минималните температури ќе бидат од -7 до -1, а максималните од -1 до 5 степени. 

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре од вечерните часови, а потоа и во вторник и среда, ќе има повремени врнежи претежно од снег, со слаб, а кон југозапад и кон југ и со умерен интензитет, 

Во вторник преку денот на југоисток повремено врнежите ќе бидат од дожд. Од четврток малку покачените утрински температури повторно ќе опаднат, а преку денот ќе има се повеќе сончеви периоди.