УХМР со предупредување до земјоделците - Еве што треба да направат овие денови
Температурите кои во наредните денови се очекува да се спуштат и до минус четири степени целзиусови сериозно може да ги загрозат овошките и виновата лоза, предупредува УХМР и препорачува земјоделските производители да применат мерки за заштита.
Според агрометеоролозите, овошките и грозјето се во многу осетливи фази од развојот - процветување или почеток на формирање плод поради што се чувствителни и лесно подложни на оштетувања.
- Земјоделските производители да применат мерки на заштита, со препарати против измрзнување или класични методи со оросување со вештачки дожд во периодот додека се температурите негативни, а тоа е периодот пред изгрејсонце или со зачадување со палење на растителни отпадоци непосредно во парцелите, велат од УХМР.
Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела, утринските температури на некои места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Со разведрувањето во текот на ноќта помеѓу петок и сабота, а на некои места во недела наутро очекуваните негативни температури на воздухот ќе достигнат и до минус четири степени.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
-
Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот