-->
-->
УХМР со нова прогноза за времето, еве кога не очекува снег
-->

За време на викендот времето ќе биде стабилно и релативно топло, со појава на утринска магла по одделни котлини.
Од понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на засилено јужно воздушно струење и топла и влажна воздушна маса. Во понеделник ќе започне да дува повремено засилен јужен ветер и во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а можни се и ретки грмежи.
Во вторник и среда ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места повеќе од 50л/м 2. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
До средината на неделата ќе биде релативно топло, а потоа ќе започне да дува северен ветер, кој ќе предизвика позначително опаѓање на температурата и услови за снег на планините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
-

Фриленсери и хонорарци кои работеле во странство ќе треба да платат данок за 2021
-

И Охрид меѓу градовите со загаден воздух
-

Прилеп е избран за регионален лидер во Западен Балкан за селекцијата на отпад
