-->
-->
УХМР со најава за снег и во Македонија
-->

Во повеќето градови температурите се под просекот за мај, а за време на викендот и денеска, на некои места наврна и снег.
Снегот ги покри зелените гранки на овошките и ги загрижи земјоделците. Температурата е до пет степени.
Снег има во Босанска Краина – Приједор, Босански Петров и Цазин, и во Чемерно.
Снег падна и на загрепско излетничко место Сљеме. Во одредени делови на Хрватска температурата беше околу нула степени.
Инаку УХМР за денеска кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, па во вторник наутро ќе има услови за провејување на слаб снег на повисоките планини.
В среда утрото ќе биде студено, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември